Марина вели дека ја одгледале мајмуни: Ја научиле да преживува во џунгла, никогаш не го видела своето семејство

Откако била киднапирана од семејната градина, се нашла сама среде џунгла во Колумбија, каде што, како што тврди, била прифатена од семејство на мајмуни.

Марина Чепмен (71) е благодарна на својот сакан „дедо“ што и го спаси животот откако се отрула кога имала пет години, но суштеството на кое му должи благодарност воопшто не е човек - тоа е мајмун.

Иако звучи бизарно, Марина од Брадфорд во Велика Британија тврди дека ја одгледувало семејство мајмуни откако била жртва на киднапирање во Колумбија, каде што е родена.
Марина рече дека кога имала четири години, се нашла сама и исплашена во срцето на џунглата откако била киднапирана од семејната градина и оставена во шумата неколку дена подоцна.

Според неа, таа не памети ништо за нејзиното биолошко семејство или живот пред да биде киднапирана, пренесува Дејли Стар.
Дента кога била киднапирана било последен пат кога го видела своето семејство, сепак, таа совршено се сеќава на своето друго „семејство“.

Марина вели дека живеела со мајмуните околу пет години во џунглите во Северна Америка.

Откако се нашла сама на сред џунгла, таа била посвоена од семејство капучин мајмуни кои ѝ помогнале да преживее во непозната и опасна средина каде што демнат змии, инсекти што пијат крв, отровни растенија и поплави.
Марина има живописни спомени од суштествата кои се нишаат по дрвјата, ја учат како да бара овошје и ореви, помагајќи ѝ да најде свежа вода и ја негуваат како да е една од нив.

Таа вели дека најстариот маж во семејството, за кого зборува како за нејзин дедо, ја спасил кога се затровила јадејќи овошје.

- Јадев овошје што не беше добро, почувствував вртоглавица. Дедо мајмунот, кој немаше заби, ми пријде и ме сврте кон потокот, туркајќи ме во вода неколку пати. Легнав на брегот и кашлав, а кашлицата се претвори во повраќање - рече Марина.

Како што рече таа, дедото Мајмун цело време седел покрај работ на потокот и внимателно ја гледал.
По неколку години живеење во дивината и спиење на дрво, Марина тврди дека ја фатиле ловџиите, ја однеле во блискиот град и ја продале во бордел.

- Мојата коса беше долга и го покриваше поголемиот дел од лицето и телото. Бев валкана, не се бањав со години и не стоев на две нозе - рече таа.

Откако ја исчистиле, таа започнала да работи како слугинка, но побегнала од борделот кога слушнала дека нејзината невиност е продадена на богат бизнисмен. Како што вели, во тоа време имала 11 години.

Својата необична приказна, за која е тешко да се поверува, ја опиша во книгата „Девојка без име“.

Во неа, таа откри како на крајот ја примило семејство кое се преселило во Брадфорд и се омажила кога имала 20-тина години.


Во САД, тим од Националната географија одлучи да открие дали нејзината приказна е вистинита и откри дека постои голема веројатност дека нејзината луда животна приказна е целосно вистинита.

Таа исто така беше подложена на голем број тестови, вклучително и скенирање на коскената густина што покажа знаци на „силна неухранетост на возраст од шест до десет години што довела до застој во растот“ - што се совпаѓа со времето кога тврди дека живеела со мајмуни.

извор:Телеграф.рс