Маркијан наполни 17 години: Ребека со огромна благодарност до неговиот класен Александар кој му подготви изненадување
Познатата пејачка и активистка Ребека Јанковска Ристевски која постојано се залага за поголема инклузивност на децата кои се соочуваат со некаков вид на попреченост го прослави роденденот на синот Маркијан
Имено Маркијан кој има аутизам и е ученик во специјалното училиште Св.Климент Охридски, наполни 17 години.
Така овој пат објави вест која по повод неговиот роденден, а особено го пофали неговиот класен раководител Александар.
„Наставникот Александар, Повторно не изненади со прекрасно подготвена храна за роденденот на Маркијан. Добивме вип кетеринг сработен од срце !!!
Тортата беше исто така негова изработка. Навистина немаме зборови за твоите заложби Александар. Пример кои ретко се среќава. Во живитот на Маркикан малкумина, всушност беа само 3,4 луѓе (едукатори)кои можам да ги одвојам како човечки суштества кои сакаа да внесат сонце, радост и без тоа ние да го побараме од нив.
Aleksandar Pucko Dragan Daskalovski Маја Степановиќ и Анастасија Низамова(која веќе не е меѓу нас)
Ви се поклонувам на сите 3ца,а денес мојот пост го посветувам на Aлександар“