Мартин од Некст Тајм стана татко: Ќерката доби уникатно име

Добивај вести на Viber

Мартин од Некст Тајм и неговата сопруга Андреа, станаа родители за првпат. Денес на свет дојде нивната ќерка, на кој и дадоа необично име.

Парот се одлучи на ќерката да и го даде името Лиана.

„Светот во раце. Добредојде Лиана“, напиша Мартин.

Пред само неколку денови Андреа за Женски магазин изјави дека е возбудена бидејќи е во деветтиот месец од бременоста и психички подготвена за раѓањето на ќерката.

„Додека професионално се занимавав со спорт, секој натпревар одново и одново се подготвував како да ми е прв пат. Не можам ни да замислам како е да се биде родител, но гледам да сум што е можно поопуштена и да си повторам дека овие денови и месеци со бебе се единствени и треба максимално да се уживаат“, ни раскажа Андреа предпородилно.

Андреа Белеска е познатата ракометарка, која му го освои срцето на Мартин Филиповски, од дуото „Некст тајм“.

Во брак се две години. Мартин ја побара за сопруга на неговиот роденден на 20-ти септември 2022, а на почетокот на јуни 2023 направија и свадбена веселба.

Фото: Инстаграм
РЖМ

Возбудена што наскоро ќе стане мајка: Андреа Белеска и Мартин од „Некст тајм“ подготвени за приновата која доаѓа во нивните животи