,

Мажи, нè разбирате ли конечно? Бабица покажа како изгледа шиењето по природно породување, видеото има 30 милиони прегледи

Бабица сподели видео во кое покажа како изгледа шиењето по породувањето.

За време на природното породување, многу мајки имаат епизиотомија или руптура на перинеумот. Епизиотомијата е засек што лекарите го прават на перинеумот, со цел да избегнат премногу силно напукување или поради некои посериозни проблеми.

По раѓањето, овој рез мора да се зашие, а една бабица, Џон Ленокс, сакала да покаже како всушност изгледа тоа. Во видео таа покажува како се шие со помош на кукла.
„Ако луѓето полудат поради ова породување кое го симулираме со кукла, тогаш не би сакале да бидат ни во родилна сала“, искрено изјави таа во своето видео.


Ова видео достигна дури 30 милиони прегледи и им покажа на трудниците и мајките како навистина изгледа сето тоа. Важно е да бидат свесни дека тоа не е ништо страшно, дека епизиотомијата се прави со анестезија и да им помогне при породувањето.

 А мажите, иако покажаа дека се во неверување, се надеваме дека конечно барем малку повеќе ќе ги разберат жените!

Кога се прави епизиотомија?

-Кога бебето и мама се во неволја, потребно е породувањето да се направи порано.

-Кога бебето е поголемо од просекот.

-Кога има компликација поради лошата положба на бебето

-Кога постои ризик дека перинеумот на мајката премногу ќе пукне.

-Кога е неопходно да се користат инструменти како што се форцепс или вакуум за да се извади бебето.

извор:najzena.rs

Во Скандинавија ги оставаат бебињата да спијат на отворено дури и на -30! Еве зошто практикуваат „дремка на ладно“?

„Врати ја внатре, не сум подготвена, ќе дојдам утре“: Најсмешните изјави на трудниците за време на породувањето