Мажите немаат поим: Сите тајни на женскиот огразам

Мажите како да немаат идеја кога и колку често нивните партнерки достигнуваат оргазам. Истражувањето за оргазмите на тазе венчаните парови покажало дека дури 87 проценти од мажите редовно доживуваат оргазам, што е сосема очекувано, а само 49 проценти од жените.

Интересно, дури 43 проценти од мажите погрешно разбрале колку често нивните жени доживувале оргазам. Истата студија наречена „Еднаквост на оргазмот: научни резултати и социјални последици“ од јануари годинава покажа дека помалку од 20 проценти од жените можат да доживеат оргазам само со стимулација на вагината.

Логично, еден од заклучоците на тоа истражување е дека сексуалното задоволство на жените е поврзано со зачестеноста на оргазмите што ги доживеале. Но, интересно е да се напомене дека сексуалното задоволство на мажите зависи и од фреквенцијата на оргазам кај жените. Експертите затоа ги советуваат паровите да обрнат посебно внимание на женските оргазми затоа што на двете страни им носат поголемо сексуално задоволство.

Истражена е и мотивацијата за лажни оргазми кај млади и возрасни жени. Таканаречената теорија за самоперцепција сугерира дека жените знаат да лажираат оргазми со цел да ја активираат нивната внатрешна состојба на задоволство, а со тоа да ја зголемат веројатноста за вистински оргазам.

Но, има, се разбира, и други причини за глума. Жените лажираат оргазми од загриженост да не ги повредат чувствата на партнерот, за да избегнат негативни емоции, се обидуваат да го зголемат сопственото задоволство, сакаат да престанат да имаат секс, избегнуваат чувство на несигурност или се соочуваат со мисли дека нешто не е во ред со нив.

Според тоа истражување, приближно 25 проценти од жените секогаш доживуваат оргазам за време на сексуален однос, додека 30 проценти изјавувиле дека никогаш не го доживеале. Кога станува збор за главните пречки за женскиот оргазам, квалитативно истражување објавено во Меѓународниот весник за репродуктивна биомедицина сугерира дека досега најчестите физички проблеми се досадни маж или жена, инфекција на матката или недоволна хидратација.

Најчестите психолошки бариери вклучуваат недостаток на сексуално знаење, срам и недостаток на концентрација на самиот чин на секс поради товарот на домашни или деловни проблеми и обврски околу децата. Сексуалниот живот е узурпиран од брзање и расправии, додека најчести контекстуални пречки се неправилното работно време, недостаток на сон, недостаток на приватност и неможноста да се оддели спалната соба на децата од родителите, како и недостаток на мир во куќата.

Меѓународниот весник за напредни студии за сексологија, исто така, објави студија за аноргазмија во јуни оваа година. Ова нарушување во примарна смисла значи неможност да се доживее оргазам, додека секундарната аноргазмија се карактеризира како внатрешна состојба на незадоволство, одбивност и вознемиреност кон своето тело, па дури и кон интимност со партнерот.

Некои причини за аноргазмија може да вклучуваат етничка религиозна природа, срам за самата идеја за секс, сексуална траума, повреда на карлицата или употреба на антидепресиви.

Заклучок? Оргазмите се важни. Ова го докажува и науката.


*Д-р Несторовиќ ги откри тајните за добар секс: Жената треба да има три оргазми неделно за оптимално здравје

*Вистината за клиторисот: Не е направен само за уживање