Ме тепаше секој ден па му го забив ножот во гради: Потресно сведочење на жена која си го уби сопругот

Добивај вести на Viber

Ксенија Тополовчан од местото Буданчевица во Хрватска, застана пред судот за да одговара за убиството на сопругот со кујнски нож.

Таа во април годинава го уби својот сопруг со нож кој го нашла во домашната кујна, и тврди дека тоа го сторила затоа што повеќе не можела да го трпи семејното насилство. Судот во Вараждин ја терети Ксенија дека сопругот го убила додека спиел, во нивната спална соба, забивајќи му го ножот во градниот кош. Сопругот Мирко починал на патот накај болницата, а Ксенија била приведена под влијание на алкохол со 2,60 промили.

Обвинетата пред судот раскажала дека првиот судир, тоа утро пред да се случи убиството бил со нејзиниот свекор, пишува Нет.хр. 

“ Трпев и физичко и сексуално насилство и од мажот и од свекорот. Сопругот беше пијан од сабајле до вечер тој ден. Заедно работевме во дворот. Првата кавга ја имавме со свекорот, по што дојде полиција. И свекорот и јас, го заштитовме Мирко пред полицијата. Потпишавме изјава дека не треба да го приведат, но сега ми е жал, требаше да го однесат во станица. Потоа сопругот некаде замина. Отидов да легнам да одморам, но знаев дека кога ќе се врати дома пијан, ме чека ќотек, како и секогаш. Се правев дека спијам. Кога стаса веднаш ме турна на подот и почна да ме удира со нозете. Избегав во шупата и се криев таму околу 45 минути. Потоа дојде свекорот, ме пцуеше и ми рече да се вратам дома затоа што Мирко спие“, е дел од сведочењето на Ксенија пред судот.

Кога влегла дома, телевизорот бил пуштен на најјако, а таа го земала далечинското за да го намали. Сопругот во тој момент се разбудил, повторно ја турнал на подот и почнал да ја удира со нозете.

Обвинетата Ксенија пред судот во Вараждин 

„ Ги стави колениците на моите лактови и почна да ме удира каде што ќе стаса. Ми ги газеше прстите и јас се онесвестив. Свекорот сето ова го гледаше и не ми помогна. Кога дојдов на себе, видов дека Мирко повторно спие. Лазејќки успеав да стасам до кујната и го земав ножот“, додала обвинетата. Таа вели дека првично немала намера да го убие сопругот, туку сакала само да го исплаши. 

Потоа следела тепачка помеѓу сопружниците. Мирко ја удирал Ксенија од плакарот, се лизнал на тепихот и паднал на креветот, по што и Ксенија ја повлекол по него. Тоа бил моментот, тврди Ксенија, кога ножот се забил во неговите гради. 

„Се обидов да му помогнам. Не сакав тоа да го сторам. Им порачувам на сите жени дека не смеат да трпат физичко насилство како што трпев јас“,  изјавила Ксенија. 

Нејзииот свекор сведочел дека таа во текот на целиот ден испила многу алкохол. Тој рекол дека неговиот покоен син и снаата се карале околу продажбата на машината за виткање лим и пласитика. Наводно, Ксенија ја договорила продажбата а Мирко со тоа не се согласувал.

„ Ја видов како го зема ножот , но не успеав да ја спречам. Во состојба на гнев ја удирав со пластична цевка, можеби 50 пати. Викаше од болка, но мојот син веќе беше мртов“, сведочел свекорот на обвинетата.

Ксенија е мајка на две мали деца, кои поради проблемите со алкохолот на неа и на покојниот сопруг  им ги одземал Центарот за социјални грижи. 

Фото: Нет.хр