Меланија се промени целосно, откако не е во Белата куќа: Денес е „друга жена“
Поранешната прва дама на САД, Меланија Трамп, по напуштањето
на Белата куќа, не сакаше да комуницира со медиумите и вешто избегнуваше места
каде што можеа да ја фотографираат. Само највештите папараци успеаја да ја
„уловат“ Меланија.
За време на претседателскиот мандат на Доналд Трамп, Меланија Трамп предизвика големо внимание во медиумите, во јавноста но и во светот на модата.
Иако некои креатори одбија да соработуваат од политички причини и несогласувања со идеологијата на нејзиниот сопруг, поранешната прва дама најде начини да смисли уникатни модни парчиња кои критичарите тешко може да ги наречат лош избор.
По напуштањето на Белата куќа, Меланија ретко беше видена и се шпекулираше дека се разведува.
Таа беше фотографирана неколку пати во Њујорк, а сите забележаа дека го сменила својот моден стил.
Имено, Меланија сега е најзаинтересирана за деловни-бизнис изданија и спортска елеганција. Таа не се откажа од скапите брендови како што се „Хермес“, „Барбери“ и „Кристијан Лобутин“.
Остана во согласност со едноставните, но сепак ефективни комбинации, но промената во однос на модата во Белата куќа е голема затоа што сега е во издание на сериозна деловна жена.
Фото. Profimedia/Инстаграм/melaniatrump.style
Можеби ќе ве интересира:
Барон ја надминал мајка си во висината: Меланија Трамп за првпат видена во Њујорк, доследна на стилот и во друштво на син ѝ