Ми фалат уште неколку часа во денот: Искрено со водителката Милена
„ Линијата ја одржувам со тоа што внимавам што и кога јадам. Не јадам доцна навечер, јадам почесто ама во мали количини“, ни раскажа водителката Милена Антовска- Станковска, која на „Канал 5“ телевизија ја води емисијата „Сподели проблем со Милена“.
„Сега моментално не вежбам бидејќи сум преокупирана со новата емисија и со семејството, но планирам во брзо време да почнам со физичка активност. Инаку пијам многу вода и јадам многу овошје. Тоа е мојата формула за витка линија“, вели шармантната водителка. Милена, која стана популарна како водителка на Утринската програма, е мајка на Лана Марија која има една ипол година.
Вели дека нејзиниот ден сега е многу подинамичен од порано. „Ми недостасуваат уште неколку часа во денот за да стасам да направам сѐ што сакам“.
Сепак, време за лична нега таа секогаш наоѓа.
„ Негата за моето лице почнува уште од самото будење. Покрај миењето со вода -употребувам и мицерална вода од Eucerin, па потоа нанесувам крема и шминкам за емисија. Пред спиење шминката ја бришам исто така со водата од Eucerin и нанесувам гел за подочници и ноќна крема. Во мојот несесер секогаш носам кармин и сјај, камена пудра заради рефлекторите во студио, маскара и туш за очи“, ни раскажа Милена која со шминкањето секогаш сака да ги истакне очите.