„Ми рече дрогирај се, пиј, само не пуши“: Ќерката на Дино Дворник за нејзиниот покоен татко и реченицата која вечно ќе ја памети
Ела Дворник, ќерката на покојниот Дино Дворник, во подкаст зборуваше за тоа како е да се биде дете на позната личност и што некогаш ѝ кажал нејзиниот татко за дрогата и алкохолот
Публиката што го слушаше подкастот се интересираше како децата на познатите се справуваат со фактот дека нивните родители се познати личности, а Ела Дворник одговори преку нејзиното искуство како дете на славна личност.
Таа вели дека растењето со Дино Дворник ја зајакнало и покрај тоа што имало непријатни ситуации и коментари. Таа смета дека на децата треба да им се овозможи приватност и слобода, без разлика на професијата на нивните родители.
„Би сакала да им всадам некои вредности кои, нема да верувате, ми ги всади татко ми. Татко ми ми рече - дрогирај се, пиј, прави што сакаш, само не пуши цигари. Единственото нешто што сега правам од тоа - пушам цигари“, рече таа.
Меѓу другото, Ела откри дека отсекогаш мислела дека ќе биде мајка на синови. „Сега, по две ќерки, не можам да замислам да бидам мајка на момче“, рече таа.
Пред три месеци Ела Дворник потврди дека се разведува од 13 години постариот сопруг Чарлс Пирс.
„Да, точно е, ние сме во процес на развод. Таа одлука не ја донесов вчера, но процедурата трае долго и мислам дека не треба да се коментира нешто што не е завршено. Сепак, деновиве се пишува сешто и јасно ми е дека јавноста има потреба на разни начини да шпекулира и коментира. Јас и Чарлс, како брачни партнери, дојдовме до крајот на приказната“, откри таа за „Стори“.
Извор: zena.blic.rs