Миа го покажа автограмот од Касандра од 1998 година: Ве враќаме во времето кога таа и Ранду ја посетија Македонија
Ги чувате ли и вие вашите автограми и фотографии од 1998 година кога Касандра и Ранду дојдоа да ја посетат Македонија?
Миа Костова нè потсети на тој славен момент, објавувајќи си на Инстаграм дека кај незините дома, нашла стар дневник со автограмот од Касандра.
Автограмот од Кораима (Касандра) за Миа, датира од 1998 година, кога ѕвездите од сапуницата беа во посета на Македонија.
Експанзијата на латино-американските серии во Македонија почна во 1997-1998 година, а најпопуларна беше „Касандра“ од Венецуела. Убавата актерка Кораима Торес во улогата на Касандра ги освои срцата на гледачите.
Улиците во Македонија беа празни кога Касандра ќе почнеше да се емитува. Врв на популарноста беше кога Касандра во серијата заврши во затвор, па во некои земји на поранешна Југославија луѓето пишуваа петиција да се ослободи. Се продаваа и албуми со сликички со ликовите на Касандра, Ранду, Луи Давид, Доринда...
Кулминацијата се случи кога тие имаа светска тура, посетувајќи ги земјите во кои сапуницата беше ултра популарна, па кога дојде на ред Македонија, толпи народ се собраа на плоштадот „Македонија“ во Скопје, а потоа и во Охрид.
фотографии: Фејсбук / Ретро ризница - Македонски медиуми
Денес, Касандра има 46 години. Таа уште игра во теленовелитe. Од Венецуела, се пресели во Богота, Колумбија. Се омажи за актерот Николас Монтеро и го имаат синот Ману Нико.
Таа и денеска, во петтата деценија, изгледа одлично.
Кршеше женски срца во 90-тите, а ѝ беше ветен на Касандра: Ранду денес изгледа непрепознатливо