Срамота е мајка на две деца да носи кратка сукња: Милена Антовска - Станковска не остана должна на коментарите (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Водителката од „Канал 5“ Милена Антовска - Станковска минатиот месец се врати на работа по породилното отсуство.

Таа во јануари годинава ја роди втората ќерка Јоана, а само неколку месеци по породувањето успеа да ја врати и нејзината совршена форма.

Антовска - Станковска редовно објавува фотки од нејзините модни комбинации, секогаш е дотерана и ги следи трендовите за мода, но неретко е и мета на лоши коментари и тоа најчесто од жени, како што и самата потенцира во коментар на Фејсбук, кои ѝ посочуваат дека е срамота мајка на две деца да носи мини здолништа.

Овој пат не сакаше да им остане должна, па водителката ги поздрави со уште една фотка во фустан кој ги истакнува нејзините долги нозе и иронично им порача:

- Се извинувам на сите што мислат дека е срамота мајка на две деца да носи кратка сукња - напиша Милена.


Во коментари доби голема поддрша дека тоа што е мајка на две дечиња нема врска со начинот како некој се облекува и, ние потполно се согласуваме со тоа, бидејќи облеката  не те прави добра или лоша мајка, а Милена како и секоја друга мајка и жена, секако треба да биде горда на своето тело.

 



Прв ден на работа после породилно: Милена Антовска се успа и ѝ претече кафето (ФОТО)