Милена Дравиќ: Мојот живот сега е во рацете на Бога
Имав многу тежок период по заминувањето на мојот Драган, дополнително и поради мојата болест, призна Милена Дравиќ по нејзиното гостување во Пула каде беше поздравена со овации од 15 минути. Една од најголемите ѕвезди на југословенската кинематографија во ексклузивно интервју за магазинот „Глорија“ отворено проговори за нејзиното здравје, смртта на сопругот Драган Николиќ и за повеќе интересни моменти кои ги доживеала зад камерите.
- Многу ми значи поддршката од фановите. Сфатив дека не сум отфрлена. Мојот живот е сега во рацете на Бога, но ми значи кога ќе видам дека некој навистина ја следел мојата работа, дека вистински се интересира за моето опоравување. Кога слушам убави зборови, дека сум единствената автентична актерка, повторно чувствувам љубов и ми се враќа насмевката - раскажува Дравиќ.
Милена Дравиќ пред две недели на 65-от Пулски Филмски фестивал
На легендарната актерка пред една деценија ѝ беше дијагностициран рак на дојка. По смртта на Николиќ за медиумите потврди дека повторно се соочува со тешка болест. Милена која во октомври ќе наполни 78 години во нејзината кариера има одиграно преку 160 филмски и телевизиски улоги.
Тешко се соочи со смртта на Драган Николиќ кој почина пред две години