Миленик на Балканот со безброј хитови: Почина легендата Оливер Драгојевиќ

Добивај вести на Viber

Во Сплит, Оливер Драгојевиќ, легендата за хрватската музичка сцена, почина на 71 година.

Драгојевиќ почина утринава во 5 часот во болницата во Сплит, една година откако му беше дијагностициран рак на белите дробови. Веста за смртта ја потврди семејството на Оливер. Тој ги остави зад себе неговата сопруга Весна, синот Дино и близнаците Давор и Дамир.

Познатиот пејач кој ги освои срцата на милиони луѓе

Оливер Драгојевиќ беше еден од најпознатите пејачи не само во Хрватска, туку и во цела поранешна Југославија.

Музиката го следеше целиот негов живот, откако како мал запиша музичка школа во Сплит, каде што е роден во 1947-ма година. Научи да свири пијано, потоа кларинет и гитара. Уште како мал со помош на усна хармоникаги забавувал децата од неговата улица, а потоа и патниците на бродот Сплит - Велка Лука.

Првпат настапил во 1961 година на Детскиот фестивал во Сплит.

Шест години подоцна, на барање на Зденко Рујниќ првпат настапи на Сплитскиот фестивал со песната „Пицаферај“.

Иако песната на овој фестивал не успеа, стана еден од неговите омилени хитови кај публиката. Тогаш со години настпуваше во  западните европски клубови, а во 1974 година освои наградата од публиката за песната „Ča će mi Copacabana“.

 Заштитниот знак на Оливер - песната „Галеб и јас“

Тој потоа воспостави соработка со Зденко Рујниќ, кога во 1975-та година на Сплитскиот фестивал ја изведе песната „Галеб и јас“, која стана негов заштитен знак и почетокот на многугодишната плодна соработка на најнаградуванито авторско дуо изведувачи на хрватската музичка сцена.

Се редеа хитови како што се „Skalinada", „Malinkonija", „Oprosti mi, pape", „Vjeruj u ljubav", „Piva klapa ispo' volta", „Nadalina" (дует со Борис Дворник), „Karoca" , кои денес се евергрини на хрватската забавна музика.

Во музичка кариера која траеше повеќе од 50 години, Оливер има снимено 23 албуми, добитник е на голем број награди, и музички и државни и беше фаворит во целата територија на поранешна Југославија.

Тој беше еден од ретките хрватски музичари кои ги исполнија големите и познати сали и во странство. Тој има настапувано и во њујоркшката „Carnegie Hall“ , „Royal Albert Hall“ во Лондон, „Олимпија“ во Париз и „Оперската куќа“ во Сиднеј.

Последен пат се појави во јавноста на 15-ти октомври во Сплит на концертот „Верувај во љубовта", кој беше организиран од Жупанијската ига против рак.