Животна училница // Приказни
Мина прослави полнолетство: Џамбазов, Тамара и Тијана беа дел од гостите на роденденот на ќерката на Весна Бејби (ФОТО)
- 12 Ноември, 2022
Ќерката на актерката Весна Петрушевска, Мина, наполни 18 години. Мина вчера го прослави роденденот во еден скопски кафе-ресторан со нејзиното друштво, мајка ѝ, а дел од гостите беа и актерот Игор Џамбазов, сестрите Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ.
Весна со емотивен статус и моќна порака ѝ го честиташе полнолетството на ќерката:
- Мораме да ги учиме нашите ќерки дека ако можат да го искажат своето мислење, можат да создадат свет каков што сакаат. Мина Среќна 18ка, те сакам до небото и назад.