„Мишко е среќен и весел, ми преостанува да најдам уште еден штрк за да има друштво“: Продолжува пријателство помеѓу Ленче од Гевгелија и штркот

Добивај вести на Viber

Ленче Алексовска од Гевгелија жената која јавноста ја запозна откако објави фотографија на социјалните мрежи со нејзиниот необичен гостин – штркот Мишко, повторно со нова обајава за нејзиниот миленик.

„Мишко не сака да си оди. Денес дојде ветеринарна служба го видоа, ми кажаа дека добро напреднал за една година, полот после третата година може да се одреди, тој е среќен и весел но за жал не покажува интерес да си замине. Ќе го чувам до крај иако сакав да си го најде патот во дивината, сега ми преостанува да најдам уште еден штрк да има друштво“, напиша Ленче на фејсбук групата „Миленичиња“.

Да потсетиме, Ленче му помогнала на штркот да застане на нозе, го енгувала, чувала, а тој во знак на благодарност наместо да замине со своето јато останал со Ленче.

„Мишко го одгледав, му дадов шанса да си оди, не сака, се враќа повторно кај мене“, напиша Ленче.

Видеа од Мишко кога бил многу мал, Ленче ги споделила на социјалните мрежи.

„Мишко успешно ја помина зимата, добро нахранет благодарение на едни добри луѓе кои од нивната месара редовно го снабдуваа со храна, тој претчувствува дека следниот месец ќе дојдат штрковите, ама дали ќе сака и тој да замине“, стои во опис на видеото објавено минатиот месец.

Инаку штркот е птица која често се населува на територијата на нашата земја. Штрковите имаат големи гнезда, најчесто на уличните бандери или покрај место каде што ќе имаат лесно достапна храна како жаби, бубачки.

Фото: Фејсбук профил Ленче Алексовска/ Фејсбук група „Миленици“

„Мишко го одгледав, му дадов шанса да си оди, не сака, се враќа повторно кај мене“: Ленче од Гевгелија за необичниот гостин кој ја поминал зимата во нејзиниот дом

·