,

Во утробата ѝ починаа две бебиња: Тажна приказна на мајка која сепак се избори да има деца

Собра сила и храброст да ја раскаже својата тешка приказна.

За нејзините четири бремености, за двете најболни раѓања на мртвородени деца во петтиот месец, оваа мајка најде сила да ја раскаже својата приказна.

-Јас сум мајка. Го родив мојот прв син во 29-та недела.

Поради грешка на лекарот, тој беше во болница пет месеци и поминавме низ сè со него, но, фала му на Бога, тој сега е 14-годишно момче. Додека тој беше 3 години, јас останав бремена повторно. Носев мало девојче. Морав строго да внимавам на бременоста.

Девојчето ми почина во утробата во 4,5 месец, мораа да ме породат. ЛЕкарите тврдеа дека е поради бактерија...

После тоа, по две години, повторно останав бремена и дознав дека носам момче. И тој ми почина во утробата во 5,5 месец.

Мислев дека повеќе нема да имам деца, но по неколку години, останав бремена. Тоа беше чувство на измешани емоции - среќа, тага, страв... Не можам да ви опишам.

Оваа четврта бременост беше повторно ризична, но јас успеав. Го родив син ми жив и здрав!

извор: yumama.com

-(ФОТО) Две предвремено родени деца и среќен брак: Дизајнерката Маја Кикириткова ужива во празничната семејна идила
-Прогнозите на докторите беа дека дете од 700 грама не може да преживее: Валандовчанката Надица, мајка на херојот Лука за Женски Магазин