Млекото во маркетите преку ноќ драстично поскапе, кој ќе ги заштити граѓаните

Драстичен раст на цените на млекото во тетрапак низ продавниците забележуваат граѓаните, кои алармираат дека цената достигнува и до 70 денари за литар млеко. Поскапувањето како што кажуваат читатели на „Фактор“ е забележано во повеќе маркети во главниот град, а како што потенцираат биле фрапирани од големите разлики во цените за само еден ден.

-Секој ден купуваме тетрапак трајно млеко од еден литар, најмногу за домашни потреби, и тоа низ некој од поголемите маркети во Скопје. Во средата што да видам, сите млека беа значително поскапени, дури и за дваесет денари, можеби некои помалку од 20 денари, но битно сите беа поскапени, од домашните, до турските, српските и хрватските производи, без оглед на масленоста. Ако до вчера цената на млекото беше 55 денари, сега цената на литар тетрапак ја платив 68 денари, ова беше голем шок за нас – вели Кузман Атанасов од Скопје.


Целиот текст читајте го на Фактор тука.