„Многумина ќе сакаат да уживаат во твоите очи, но само еден ќе остане тука за твоите солзи“: Љубовни шепотења на Снеже Велков

Добивај вести на Viber

Постудените денови, романтичните есенски ноќи и златната есен очигледно се инспиративни за водителката и инфлуенсерка Снеже Велков.

Пред неколку дена си ја отвори душата за жените, а овој пат сподели неколку моќни стихови за љубовта. 

„Еј лепотице, многумина ќе го сакаат твоето тело, но само еден и твојата душа

Многумина ќе ја сакаат твојата насмевка, но само еден ќе биде тука за твојата тага

Многумина ќе сакаат да уживаат во твоите очи, но само еден ќе остане тука за твоите солзи

Многумина ќе ти аплаудираат кога ќе стоиш гордо ама само еден ќе ти даде рака да станеш кога ќе паднеш

Многумина ќе ти ласкаат и воодушевуваат, а само еден ќе ти рече - Eј забегуваш.

Многумина ќе сакаат да се до тебе кога ќе си убава и дотерана ама само еден ќе биде до тебе кога ќе си во пижами и разболена

Е, тој, ЕДЕН, лепотице...

ТОЈ“.

Со овие кратки, убави, инспиративни и моќни стихови и цитати можеби Снеже ни навестува дека се подготува нејзина книга. Не знаеме дали е така, но ако се случи тоа овде сме да ја поддржиме.


Фото: Инстаграм