Моите 4 деца ми се инспирација да се успее: Интервју со Искра Ветаџокоска-Муцунска

Добивај вести на Viber

Таа е најдобра реклама за семејната фирма „Виталиа“ , лидер во Македонија во однос на здравата исхрана и новитети кои не доближуваат до светот. Искра Ветаџокоска-Муцунска (48) е атрактивна, вита, љубезна, пријатна за разговор и дружење, со задоволство виден гостин на случувањата низ Скопје, бизнисменка која и приватно ги живее вредностите на брендот.

Колку Македонија се приклучува кон трендот на здрава, а не брза исхрана, колку сме едуцирани и посветени во однос на животните навики, и зошто бизнисот е повеќе позитивно влијание врз светот од правење профит, Муцунска, меѓу другото, открива во интервјуто за ...

Дали ви кажале дека со вашиот изглед, топ-форма и култура на однесување и живеење сте најдобра реклама за вашата семејна фирма „Виталиа“?

- Благодарам на убавите зборови, да точна е констатацијата. А тоа се должи на фактот што со огромна пасија ги живеам вредностите на брендот. Истовремено, моите лични вредности ги пренесувам на компанијата и тимот. Виталиа е дел од мене. Тоа е продуктивна симбиоза која функционира беспрекорно.

Од друга страна би нагласила дека уште од почетокот на Виталиа како семејна компанија, нашата мисија е да создадеме што повеќе здрави и вкусни производи достапни за секого, почитувајќи ја уникатноста на секој човек. Верувајте, неописиво е  задоволството од фактот дека помагаме на популацијата во подобрување на здравјето и формирање на здрави навики. Оtтука, би кажала дека најдобрата и најценетата реклама за Виталиа се сите задоволни потрошувачи, со кои заедно градиме доверба и поздрава иднина.

Целото интервју прочитајте го на ФАКТОР.МК