„Мојата љубов денес полни пет години“: Синот на Нина и Борко Ристовски прослави роденден

Добивај вести на Viber

Првата рожба на легендарниот ракометарски голман Борко Ристовски и неговата сопруга Нина наполни 5 години.

Душан дувна пет свеќички во присуство на омилените цртани јунаци и другарчињата.

„Денес е мој најголем празник. Мојата љубов полни 5 години. Те обожавам сонце мое, ти благодарам за секој миг“, напиша гордата мајка покрај фотографиите од Душан од неговата роденденска прослава, но имаше и фотки на кои славеникот е помал.


Инаку,  Душан за прославата имаше многу интересна торта на два спрата со ликот од филмот Маска. А за забавата да биде уште поубава се погрижиле и аниматори облечени во Спајдермен и Капетан Америка.


Фото: Инстаграм - Нина Ристовска

Еден месец со Анастасија: Ќерката на Борко и Нина Ристовски личи на братчето Душан (ФОТО)