„Мојот свет“: Актерката Јелена Јованова Периќ сподели преубави моменти поминати со своето семејство

Добивај вести на Viber

Нашата актерка Јелена Јованова Периќ, навистина ретко споделува моменти од својот приватен живот. Овој пат на изненадување на своите фанови таа објави прекрасна фотографија на својот Инстаграм профил, и тоа во моментите кога нејзиниот сопруг му чита приказни на синчето Јаков за добра ноќ.

Овие моменти засекогаш остануваат врежани во сеќавањето, а фотографијата ги овековечува истите.

„Мојот свет“ напиша таа на фотографијата.

Фото:Инстаграм