„Моника никогаш не изгледала поубаво“: Ќерката на Мики и Светлана Црнокрак ги изненади сите со својот изглед
Ќерката на Мики и Светлана Црнокрак ги воодушеви сите со својот изглед на една неодамнешна прослава. Во црн тесен фустан со интересен дизајн, со одлично усогласена шминка и фризура, Моника изгледаше неверојатно, многумина би рекле „никогаш поубаво“.
Инаку од неодамна покрај манекенската кариера Моника одлучи да се „проба“ и како водителка на една домашна емисија. Меѓу првите гости, беше нејзиниот татко Мики, кој меѓу другото откри дека Моника е „најтешка“ во секој поглед од сите девојки дома, вклучувајќи ги хрчакот и кучето кои исто така се женки.
„Која е најтешка по килограми?“, ги праша Мики водителите, на што се надоврза дека токму Моника е „најтешка“, шегувајќи се дека зборува за нејзините килограми, по што се надоврза и таа:
„Ми рече дека сум многу лоша пред некој ден“, изјави водителката, цитирајќи го нејзиниот татко.
Поддршката која ја доби од илјадниците следбеници е голем мотив да продолжи да продолжи храбро во новата професионална улога.
Фото:Инстаграм