Монструм каков што светот не памети: Имал 5 жени, им ги сечел гениталиите, убивал и јадел луѓе

Во 1971 година, генералот Иди Амин ја собори избраната влада на Милтон Оботе и се прогласи за претседател на Уганда, започнувајќи безмилосен осумгодишен режим во кој беа масакрирани околу 300.000 цивили. Тој беше еден од најбруталните диктатори во историјата. Со него најмногу се поврзуваат разни контроверзни и бизарни скандали за кои светот ниту пред, ниту по него не памети.

Во 1979 година, неговото терористичко владеење завршило кога прогонетите од Уганда и Танзанија ја презеле контролата врз главниот град Кампала, принудувајќи го Амин да побегне. Никогаш не изведен пред лицето на правдата за неговите грозоморни злосторства, Амин го помина остатокот од својот живот во Саудиска Арабија.

Иди Амин бил роден во 1923 година во близина на Кобок, во провинцијата Западен Нил во денешна Република Уганда. Напуштен од татко му на рана возраст, го одгледала неговата мајка, која била билкарка и гатачка. Амин бил припадник на етничката група Каква, мало исламско племе кое се населило во регионот.

Иако важел за вешт војник, Амин се здоби со репутација на суров човек. Како и да е, тој го достигнал највисокиот можен чин за црнец Африканец кој служи во британската армија. Амин исто така беше успешен спортист, држејќи ја титулата во полутешка категорија на Уганда од 1951 до 1960 година.

За време на владеењето на Иди Амин, Уганда стана земја во која на најбесрамен начин се прекршуваат човековите права и се врши политичка репресија. Амин се справувал со политичките противници на најбрутален можен начин, а етничкото чистење било извршено во невидени размери.

Во својата суровост, тој најмногу бил немилосрден за време на егзекуциите што честопати биле вршени во негово присуство. Многумина осуденици го завршија животот во устата на крокодилите, на островот каде што тој со задоволство престојувал.

Уживаше во измачувањето на луѓето

Сведоците на тие шокантни сцени подоцна изјавиле дека тој бил фасциниран од звукот на пукање човечки коски кога ги џвакале крвожедни животни. Сепак, тоа не бил крајот на лудилото кое траело осум години.

Според негово признание, Иди Амин јадел и човечко месо, но, како што вели, „само под принуда“. 

- Јадев човечко месо. Многу е солено, дури и посолено од леопардот, изјавил во една пригода.

Тој сакал да воведе полигамија

Со задоволство се фалел со својата сексуална потенција, а според сопственото верување тоа било така бидејќи тој јадел и до 40 портокали дневно. Кога дојде на власт, го укина државниот закон кој ги ограничуваше Уганданците на моногамни бракови и воведе полигамија.

Ако му се допаѓаше жена, без многу размислување би ја обврзал на сексуални односи. Тој брутално ги убивал членовите на нрјзиното семејство или легалните сопрузи. Ако некоја од нив би му се спротивставила, тогаш следувала страшна казна – сечење  на гениталиите.

За време на неговиот политички подем и владеење, Амин имал неколку сопруги, а животот на секоја од нив бил  со страшни трауми. Се шпекулира дека зад себе оставил четириесетина деца.

Политичките љубители го советувале секогаш да биде опкружен со деца за да може да избегне атентат во критичните моменти. Не е познат бројот на љубовници, а официјално бил во брак со 5 жени.

Постојат бројни контроверзии околу смртта на една од неговите сопруги. На крајот, главен обвинет е Амин, бидејќи наводно таа забременила од друг маж. Пред да направи таен абортус во болницата во главниот град, луѓето на Амин наводно ги убиле лекарите и медицинските сестри во болницата, а таа била однесена во претседателската палата, каде била масакрирана во присуство на бројни службеници и офицери. Потоа повторно и го составил телото и го закачил, како пример за секој што би го разочарал големиот водач.

Смрт

На 16 август 2003 година, Амин почина во Џеда, Саудиска Арабија. Причината за смртта е откажување на повеќе органи. Иако владата на Уганда најави дека неговото тело може да биде погребано во Уганда, тој беше погребан во Саудиска Арабија. Амин никогаш не бил суден за грубо кршење на човековите права.