Монструм татко од Куманово: Ја силувал малолетната ќерка, снимал со телефон па видеата ги пуштил на социјалните мрежи

Монструозен чин ја згрози јавноста. Татко од Куманово извршил обљуба врз сопстевната ќерка малолетничка. Ја силувал, половиот напад го снимил па го објавил на социјалните мрежи.

Токму за оваа нехумана постапка направена врз 14 годишното девојче, таткото е предмет на истражна постапка.

Се работи за 39 годишен Кумановец кој ќе одговара дека направил две кривични дела Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 во врска со член 45 став 1 и Производство и дистрибуција на детска порнографија од член 193-а став 3 во врска со став 1  во врска со став 45 став 1 од Кривичниот законик.

Според официјалните информации од ОЈО осомничениот половиот напад го извршил во повеќе наврати во период од мај до јуни 2021 во сопствениот дом. Жртвата во случајот е неговата малолетна ќерка. Она што уште повеќе ја запрепасти јавноста е што ги снимал дејствијата со мобилен а видеата ги направил достапни за повеќе лица на социјалните мрежи.

ОЈО поради можност за бегство додека трае истражната постапка побара притвор за осомничениот при што истиот е одобрен во траење од 30 дена.