Морничава листа: Работи кои членовите на кралското семејство мора да ги почитуваат на секое патување

Добивај вести на Viber

Нивниот живот е базиран на строги правила за кои фановите не се воопшто свесни. Истите мора да се почитуваат, особено на патувањата. Дали сте знаеле дека во кралското семејство постои правило според кое два кралски наследника не може да патуваат заедно од безбедносни причини? Единствена која може тоа да го одобри, секако е кралицата Елизабета II.

Тоа правило многу често го прекршуваат Вилијам и Кејт за време на патувањата со малиот принц Џорџ, како што беше случајот со нивното заминување во Австралија. Додека ова правило има смисол од практични причини, целите на другите норми се помалку морничави.

Имено, членовите на кралското семејство се обврзани на патувањата да носат црна облека за да може да покажат тага во случај ако некој од семејството почине додека се на пат. За време на турнејата во Кенија 1952 година, кралицата Елизабета II ја примила веста дека нејзиниот татко, кралот Џорџ VI починал. Тогаш со себе немала црн фустан, па по враќањето во Велика Британија морала да го причека персоналот да ѝ го донесе за да може да се пресоблече и излезе од авионот. Тоа била причина оттогаш внимателно да ја пакуваат облеката.

Сета облека која ја носат со себе има свој дупликат, барем така е во случајот со кралицата, пишува DailyMail. Тоа е превенција во случај да се извалка за време на ручекот. Принцот Чарлс и кралицата Елизабета на пат не одат без резерви од сопствената крв за која секогаш се грижи кралскиот лекар кој патува со нив. Причината за тоа е можна потреба од трансфузија, а во кралскиот багаж секогаш се наоѓа сапун со мирис на боровница, семејни фотографии и сопствена тоалетна хартија, заштитена со печат кој само таа смее да го скрши.