Може да угостите само еден од нас: Жена пронашла тројца старци пред куќата, па одлучила да ги покани дома

Вака било...

Жената пронашла тројца стари луѓе со долги бради во дворот. Таа ги поканила во куќата да се загреат и да јадат.

„Дали е вашиот сопруг дома?

„Не“, рекла жената.

„Тогаш не можеме да влеземе“, рекле старците.

Кога сопругот се вратил дома вечерта, сопругата му раскажала што се случило.

„Покани ги“, рекол сопругот. Жената излегла во дворот и ги поканилатројцата старци да влезат.

"Не можеме да влеземе заедно. Во куќата може да угостите само еден од нас. Нашето име е Богатство, Љубов и Среќа. Одете во куќата и договорете се со сопругот кој од тројцата ќе влезе во вашата куќа", и рекле старците.

Жената се вратила во куќата и му раскажала сè на својот сопруг. Тој се израдувал и рекол:

„Ако треба да избереме, викни го Богатството. Нека ни ја наполни куќата со пари“, рекол сопругот.

„Ајде да ја викнеме Среќата“, сопругата го предомислила.

"Најдобро би било да ја поканеме Љубовта! Најдобро е кога Љубовта ќе влезе во куќата", рекла  нивната ќерка.

Парот одлучил и ја поканилЉубовта во куќата. А, кога го сториле тоа, сите тројца старци влегле во нивната куќа.

"Ако го поканивте само Богатството или само Среќата, другите двајца ќе останеа во дворот, но со вашата покана на Љубов - не поканивте сите нас. Каде што има Љубов, секогаш има Богатство и Среќа", рекле старците кога влегле во куќата.


Можеби ќе ве интересира:

Kога женскиот орел избра партнер, таа внимава на едно: Лекција што секоја жена мора да ја научи!