На денот на венчавката баба ми го кажа ова и ѝ благодарам: За 30 години брак немав ниту еден проблем
Мажот ми е прекрасен, а децата воспитани и успешни...
Доколку семејниот живот почнува да пука, децата не слушаат, време е да се насочите кон мудрите совети на нашите баби и дедовци.
Ова се упатствата кои ми ги даде баба ми пред венчавката, пред 30 години. Како што поминуваше времто, ми помогнаа да ги поминам сите брачни кризи, да ги избегнам сите конфликтни ситуации, да ја одржам љубовта и да одгледам прекрасни деца!
Советите на баба:
1. Не се карајте со сопругот пред децата. Во спротивно повеќе никогаш нема да ве почитуваат и двајцата ќе го изгубите авторитетот. Резултатот е непочитување и непослушност од страна на децата.
2. Мажите се подготвени да помогнат, отколку да следат наредби. Само научете добар начин со кој вашиот сопруг ќе сака да го направи она што го сакате вие.
3. Најголемата вредност е семејниот мир. Задржете го тоа, бидете во состојба да простите и да прозборите први.
4. Немојте да чистите доколку сте лошо расположени. Доколку немате мир во себе, само ќе направите уште поголем хаос.
5. Немојте да бидете мрзеливи и учете нови работи. Само образуваната мајка може да има паметни и добро воспитани деца.
6. Не бидете љубоморни, за да го уништите своето семејство. Доколку сопругот ја сака и почитува својата жена, тогаш никогаш нема да ја изневери.
7. Секогаш подгответе вкусна храна и украсете ја убаво. Мажот не е животно кое ќе јаде се што ќе му се сервира.
8. Почитта е главната работа во семејството. Доколку постои почит, ќе има и љубов која вечно трае.