На која возраст треба да ги пратиме децата сами на одмор?
Родителите секогаш имаат дилема кога станува збор за одделување од своите деца на неколку дена. Тоа е така и кога станува збор за летен камп, на кој едвај и со тешко срце ќе се одлучат да го пуштат своето најмило.
-Сѐ зависи од подготвеноста на детето само да се справи со дадените моменти. Во тие моменти важна е подготовката од страна на наставникот, но најважна е домашната поддршка. Пред секое одделување од родителите треба добра подготовка на детето, која ќе биде од самото негово раѓање, за негова самостојност, а не една недела пред одмор. Затоа што подготовката за толку кратко време е стрес за детето. Сите навики кои ги нема стекнато треба наеднаш да ги стекне и со самото тоа се јавува одбивност и страв од непознатото. Во моето искуство годините не играле голема улога. Деца од помала возраст многу поубаво се прилагодувале, за разлика од деца кои биле повозрасни и кои воопшто не биле самостојни и обратно“, ни изјави наставникот Елица Атанасовска- Стојановска и додаде оти при одделувањето најважна е поддршката и довербата која родителите му ја даваат на наставникот.