На концертот пред 15 години ја слушаше од количка, а сега свири на истата сцена: Теа Трајковска горда на својата помала сестра (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Познатата млада пејачка Теа Трајковска сподели емотивен момент од почетоците на својата кариера

Имено првиот концерт на Теа бил пред 15 години во клубот „Хавана“, кога имала црвена коса и свирела на гитара.

Овој пат на истата сцена, по цели 15 години се качи нејзината помала сестра Леона, која исто така свиреше на црна гитара.

- Иначе на тој концерт (пред 15 години во Хавана) Леона беше бебе и моите ја донесоа да слуша во количка. Животиште- додаде гордата сестра на нивната заедничка фотографија.

Она што било видливо уште тогаш е дека Теа обожава да експериметира со својата коса. Тоа го прави и денес, често менува фризури, но и боја на коса.

- На косата морам да признаам дека ѝ посветувам многу внимание, меѓу другото бидејќи ја фарбам веќе 10 години и не постои боја, варијанта и должина што ја немам пробано- откри претходно Теа за Женски Магазин.