На оваа фотографија 17 години помладата девојка на Огнен Амиџиќ, Мина веќе била бремена, а не ни знаела
Водителот за српски Телеграф потврди дека чека второ дете
Огњен Амиџиќ и неговата 17 години помлада девојка Мина Наумовиќ чекаат дете, а како што претходно пишуваа дел од српските медиуми, таа е само трети месец од бременоста.
Тоа значи дека во јули, кога била со Огњен на Санторини, била буквално на самиот почеток на бременоста, а за радосната вест во тоа време ниту таа, ниту тој не знаеле.
И сега, кога е во 3-тиот месец, стомакот на Мина дефинитивно не ѝ се гледа, но во јули, како да претчувствувала, напишала:
-Имам неколку килограми повеќе од вообичаено, но никогаш не сум била посреќна, па не е важно.
Да потсетиме, Амиџиќ во ексклузивна изјава за Телеграф.рс потврди дека чекаат бебе.
- Точно е дека јас и Мина ќе станеме родители! Не планиравме да излезе веста сега, но кога ќе излезе, нема да криеме дека и двајцата сме посреќни од кога било и едвај чекаме да дојде нашето бебе! Ќе има можност да разговараме за се во наредниот период, ви благодариме на разбирањето - изјавил водителот.
Foto: Instagram/callmenaumi/