На пола од бременоста Едина Муса им се врати на тренинзите: Русокосата кошаркарка откри детали како ѝ поминале првите три месеци

Добивај вести на Viber

Познатата кошаркарка Едина Муса пред 5 дена откри дека е во блажена состојба.

Таа за 20 недели отсега ќе се оствари во улогата на мајка за прв пат.

Преку социјалните мрежи Едина сподели дека е во 19-та недела од бременоста, но откри и уште неколку интересни детали.



„19та Недела

Скоро и до пола бременост…
Тренинзите во оваа недела се значително подобри. Енергијата е вратена скоро до нормала, за разлика од првите 3 месеци каде што спиев кај и да стигнам
Првите месеци значително го променија темпото на мојот живот, од човек што живее 300 на саат и работи нон стоп, до човек што нема желба буквало да излезе од дома. Јас не бев јас, и тоа ми беше многу тешко да го разберам и прифатам, со оглед на тоа што ова е мојата прва бременост, едноставно незнаев што ме чека. Се осетив безкорисно затоа што буквално немав ниту енергија, ниту желба да завршам било каква работа
Но, спортист како спортист не може баш туку така да крене раце од се. Вежбањето беше клучниот дел за моето психичко здравје во тој период. Точно е, немав енергија за тренинзите што порано ги правев, и не планирав да го форсирам своето тело сега кога највеќе му требаше енергија за уште едно животче кое тек се формира. Целта ми беше да останам физички активна, па макар и правела вежби со сопствена тежина, што обично беше мојата рутина за загревање пред секој тренинг
Останав доследна до својот збор. Планот беше три пати неделно тренинг проследен со многуууу спиење и нутритивно богата исхрана.
Како што влегов во 14та недела, енергијата како оддеднаш да ми се врати. Полека почнав да додавам тегови, ги зголемив повторувањата и се фокусирав на правилната форма од секоја вежба. Како што напредував, така ја зголемував килажата со која тренирам, НО СЕКОГАШ ГО СЛУШАМ СВОЕТО ТЕЛО. Целта не ми е да ја зголемувам својата сила и да кревам брутални килажи како што правев кога не бев бремена, туку да ја одржам својата сила и своето психофизичко здравје“- сподели атрактивната русокоса кошаркарка на Инстаграм.

Инаку, во јануари годинава Едина сподели фотографии на кои откри дека е во врска со поранешниот сопруг на Тамара Тодевска, Александар Димитровски-Мачка.


ФОТО: Инстаграм принтскрин