На повидок нова љубов? Ким Кардашијан „уловена“ со екс свршеникот на Аријана Гранде

Ким и комичарот Пит Дејвидсон тврдат дека се само пријатели иако фотографиите од забавниот парк сугерираат поинаку, а сите американски шоубизнис медиуми пишуваат за новата позната двојка

Ким Кардашијан (41) и поранешниот свршеник на пејачката Аријане Гранде (28), комичарот Пит Дејвидсон (27) заедно ја прославија Ноќта на вештерките во забавниот парк во Калифорнија. Фановите веднаш почнаа да шепотат за нивната врска, а фотографиите можете да ги погледнете ТУКА.

Ким и Пит се возеле заедно на „ролеркостер“, па во еден момент се држеле за рака кога ги фотографирала камера во парк. Тие беа придружувани од Кортни Кардашијан (42) и нејзиниот вереник Тревис Баркер (45).

Пит и Тревис се познаваат преку заедничкиот пријател, Мачин Ган Кели (31) кој е во врска со Меган Фокс (35).

Ким и Пит неодамна глумеа заедно во скечеви на SNL кога таа беше водителка, па во еден момент дури и се бакнуваа маскирани во Аладин и Јасмин.

Пит е дел од постојаната екипа на комичари од SNL, кои го прославија.

Пит беше во врска со неколку познати дами, а најистакната беше онаа со поп-ѕвездата Аријана Гранде, со која беше накратко свршен во 2018 година.