На прв поглед се како близначки: Драгана Мирковиќ има сестра за која не сте знаеле (ФОТО)

Дали знаевте дека популарната пејачка има сестра, која ѝ е еден од најдобрите пријатели во животот?

Малку е познато дека една од најголемите фолк ѕвезди на овие простори, Драгана Мирковиќ не е единица. Покрај сопругот Тони Бијелиќ и децата Марко и Мануела, најголема поддршка во животот ѝ е сестрата Душица Крумов.

Како што своевремено пишуваа медиумите, Душица и Драгана се многу блиски, а сестрата на пејачката ѝ е важна помош и во работата, односно десна рака на нејзината телевизија и ги завршува сите работи кога Драгана не е во можност.

Иако Душица обично не се експонира во јавноста, во една прилика зборуваше за нивниот семеен живот и откри детали од нивното детство.

Како што кажа тогаш, Драгана била одличен ученик, и дека секогаш се истанувала по учењето и по неверојатниот талент.