На несекојдневен начин го откри името кое го одбра за синот: Карди Би за првпат покажа како изгледа (ФОТО)

Ова е првпат да покаже како изгледа нејзиниот син...

Карди Би и Офсет на 4 септември повторно станаа родителите. Сега, конечно покажаа како изгледа бебето, но открија и дека му го дале името Вејв.

Инаку, ова го смислил гордиот татко, а на пејачката ѝ се допаднала идејата.

„Кога Сет го предложи името Вејв, ме купи! Моравме да го наречеме така“ - нагласи на Твитер познатата раперка.

Големо внимание привлече дијамтското ланче со мала, сина ајкула, поради кое многумина остави без зборови.

Имено, сите обично на децата им купуваат златни ланчиња, но не и Карди Би. Нејзиниот син очигледно е горд сопственик на масивно ланче, поради кое на Инстаграм сите ѝ порачуваат „дека момчето изгледа како наскоро да ќе извади албум“.

View this post on Instagram

A post shared by Cardi B (@iamcardib)


фото: Принтскрин / Инстаграм