На жените денес им се исполнуваат сите желби: Ја славиме Света Агрипина

МПЦ и православните верници денеска и оддаваат почит на Светата маченичка Агрипина.

Родена и воспитана во Рим. Од детството се подвизуваше да живее евангелски, одгонувајќи ја од срцето смрдливоста на страстите и налевајќи го со благоуханието на девствена чистота, со целомудрие. Му беше вереница на Господ Христос и како Негова невеста пострада во времето на царот Валеријан. 

Претрпе биење со стапови, сè дури не ѝ ги скрушијакоските. Ѝ се јави ангел Господов и ја укрепи. Во натамошните маки го предаде својот дух. Нејзините другарки Васа, Пауна и Агатоника ѝ ги пренесоа моштите на островот Сицилија и таму ги погребаа чесно. Подоцна овде подигнаа црква во име на Света Агрипина. Од нејзините мошти стануваа безбројни чуда. Едно од нив е повлекувањето на Агарјаните пред силата на Светите мошти на оваа маченичка од пред градот во којшто беа положени. Света Агрипина се упокои во 275 година.

Се верува дека таа е голем заштитник на жените кои денес треба да ги избегнуваат секој ден. Наместо тоа, постарите велат дека треба да го поминат празникот во мир, да одат во црква и да запалат свеќа на Света Агрипина и да кажат молитва.

Се верува дека на овој начин, секое мачење ќе биде ублажено, и секоја искрена желба ќе биде исполнета.