Наградна игра за при-пејд корисници на А1 Македонија: Надополни и играј за iPhone SE 20

А1 Македонија продолжува со летните изненадувања, овојпат за своите при-пејд корисници, кои со секое надополнување на кредит на својата при-пејд сметка во периодот од 6ти јули до 13ти септември, добиваат можност да учествуваат во наградната игра „Надополни и играј за iPhone SE 20” со што стануваат потенцијални добитници на iPhone SE 20.

Наградната игра започнува денеска, a во десет неделни извлекувања ќе бидат доделени 20 смарфони iPhone SE 20, односно по два на секое извлекување. Еден циклус трае една седмица, односно започнува во понеделник и трае до недела до полноќ и сите кои во тој период ќе надополнат кредит на својата при-пејд сметка влегуваат во неделните циклуси за извлекување за смарфон. Корисниците на при-пејд услуги можат да надополнат кредит електронски, со хартиени ваучери, преку пост-пејд сметка на при-пејд сметка, преку банкомат или PayNet, но независно кој канал за надополнување ќе го изберат, со минимално надополнување од 100 денари стануваат учесници во наградната игра. Колку е поголем износот на надополнување на кредит на при-пејд сметката, толку се поголеми шансите за освојување награда. Еден денар претставува една можост во извлекувањето, со надополнување од 300 денари, корисникот се појавува 300 пати во извлекувањето. 

Право на учество имаат сите лица кои се над 18 години и кои користат една од тарифните модели на при-пејд услугите на А1 Македонија. Сите корисници кои ги исполнуваат условите за учество во наградната игра со секое надополнување стануваат потенцијални добитници и земаат учество во неделните извлекувања за iPhone SE 20. 

Добитниците на  iPhone SE 20 ќе уживаат во перформансите кои ги нуди овој смарфон, па летните авантури ќе можат да ги забележат со камера од 12MP и видеа во 4K резолуција спакувани во и 64GB внатрешнамеморија.