Наим од „Преспав“ стана татко и објави слика од синот

Добивај вести на Viber

Актерот Адриан Азири, кој е познат по улогата на Наим во ТВ серијата „Преспав“ доцна сношти стана татко. Неговата сопруга Нермине го роди синот Дорсеј, а актерот ја објави првата фотографија од синот на својот Фејсбук профил.

Дорсеј се роди на симболичен датум, на денот кога почнува третата сезона на серијата „Преспав“, вечерва на МТВ 1 од 20.15 часот. Во новата сезона, екипата на пансионот ќе се соочи со новата сопственичка Преслава, која во „Преспав“ ќе ја доенсе токму Наим. Ја игра познатата бугарска актерка Јана Маринова.

Во претходно интервју за Женски магазин, Адриан раскажа за оригиналната венчавка со сопругата во Тетово, на која тој и Нермине одржале свое стенд-ап шоу. 

„ За венчавката решив да биде многу поинаква од стандардните, можам во кратки точки да ви опишам неколку карактеристики. Настанот се одвиваше на 3 локации: Пречек на гостите со аперитив во бифето на театарот во Тетово, проследена со староградски албански песни. Отворен простор (ресторан АРМ) до театарот, продолжување со бендот од Косово по театарската изведба до 00:15 по полноќ, а потоа проследи десертот на сето ова случување, групата ФОЛТИН од Битола (иако ми се пријатели, им дадов малку пари, хахаха) Стенд ап шоу на сцена, актери: Нермине Зимери и Адриан Азири, каде што гостите од бифето, секој со влезница и реден број се преместија во театарските седишта“, изјави актерот. (М.Џ.)