Најчестите женски грешки во сексот: Ги прават и најсамоуверените жени

Овие се најчестите грешки што ги прават жените, па дури и најсамоуверените. Понекогаш размислуваат премногу, наместо да се релаксираат и уживаат. Токму ова е и eдна од најчестите грешки, според мислењето на експертите. 

Еве кои се петте најчести грешки што ги прават жените:

1. Чекате да бидете расположени за секс

Ако чекате вашиот мозок и тело да ве „намамат“ на секс, веројатно нема да го правите тоа многу често. Ова е затоа што мнозинството жени не чувствуваат похота сè додека нешто не ги мотивира да го сторат тоа - бакнежи од партнерите, допири, итн…

- Предиграта, па дури и самите допири, го покренуваат телото да испрати порака до мозокот за да го активираат интересот за секс, покажаа истражувањата - вели американскиот лекар Скот Халцман.

Дури и ако сметате дека не сте доволно подготвени за самиот чин, на пример не сте доволно влажни, тоа не значи дека не сте возбудени. Во вакви случаи, лубрикантите можат да помогнат за време на предиграта - советува Медлин Кастељаност, психијатарка, специјализирана за сексуална дисфункција.

2. Потребите на вашиот партнер се пред вашите

Пренасочувањето на целата ваша енергија кон задоволување на вашиот партнер нема да ве направи подобра љубовница, туку само помалку среќна. Може да има лош ефект и за двајцата.

Сексот е време да се биде себичен и да  се ужива.

- Биолошки, жените се предодредени да ги постават потребите на другите луѓе пред своите. Но, тој инстинкт треба да се отфрли кога станува збор за вашиот сексуален живот. Успорете. На жените им треба подолго време да се возбудат и да доживеат оргазам и тоа е добро. Не се чувствувајте виновни. Вашето задоволство ги возбудува вашите партнери - објасни Кастељаност.

Таа исто така додава дека е многу важно да бидете искрени со себе и со партнерот за тоа што ви одговара. Не ви се допаѓа одредена поза? Кажете му. Премногу сте уморни во 11 часот навечер? Наговестете му утрински секс. Прилагодете си го она што го сакате.

3. Кога тој има проблеми, мислите дека е ваша вина

Понекогаш мажите едноставно не можат, не сакаат, не се расположени, се депресивни, или не можат да добијат ерекција.

- Исцрпувањето, стресот и депресијата можат значително да влијаат на машкото либидо, како и на желбата на жената - објасни Халцман.

Мажите исто така имаат период на “закрепнување“ по оргазмот и тоа време се зголемува со возраста.

4. Мислењето за вашето тело стои помеѓу вас и добриот секс

Факт е дека повеќето мажи воопшто не се грижат какви гаќички и градник носите, без разлика дали имате сало околу половината или качивте неколку килограми. Тие сакаат секс со партнерот и тоа е тоа. Опуштете се и уживајте. Вашето мислење за вашето тело само ви штети, тој не размислува на тој начин.

5. Престанавте да фантазирате

Паровите кои се долго време заедно, понекогаш можат да доживеат период на досаден секс. Тоа е затоа што престануваат да фантазират. Жените се особено ограничени во ова, затоа што сметаат дека не е така. Сепак, д-р Кастељаност вели дека нема ништо лошо во мислењето на секс и фантазирање за различни сценарија.

извор:krstarica