Најдобрата мајка: Миљана (25) за една година роди два пара близнаци, вака изгледа животот со 4 девојчиња
Доколку сте нашле партнер со кој сакате семејство, не чекајте подобра работа или поголем стан... Веднаш преземете акција
Миљана Уљаревиќ и Стефан Керкез од Пландиште се родители на две групи близнаци. За една година добија четири ќерки, Петра (4) и Мелина (4), а потоа Дарија (3) и Ангелина (3). Кога забременила првиот пат, сознанието дека очекува близнаци ја изненадило, а кога ултразвукот покажал двојна бременост вториот пат, тоа било целосен шок и покрај тоа што Стефан има и брат близнак.
- Првиот пат бевме изненадени, а вториот без зборови. По некое време се навикнавме на фактот дека ќе имаме близнаци. Во втората бременост имаше неколку компликации, но на крајот се беше како што треба - изјавил Стефан (29) кој работи во транспорт.
- Навистина не се замислував како мајка на близнаци, иако мајка ми еднаш ми рече: „Замисли да родиш близнаци“. Кога првпат дознав дека сум бремена, близнаците никогаш не ми беа на ум. Вториот пат докторот прво виде тројки и тоа беше голем шок за мене. Кога рече дека се двојки, ми беше полесно - низ насмевка ни раскажа Миљана (25).
Близнаци, но сосема различни
Миљана вели дека навистина уживала во првата бременост. Целото време го користела за себе и за својот сопруг.
- Втората бременост ми беше многу потешка. Петра и Мелина имаа три месеци кога забременив. Кога имате две мали бебиња и стомак до заби, тоа е многу тешко. Немав време за ништо. Навистина се измачив - искрено вели Миљана.
- Секој од нив бара различен пристап и начин на комуникација. Не можам да кажам која е најмирна или најпалава, затоа што секоја има своја жолта минута. Со други зборови, тие се толку различни толку и слични - раскажала Миљана.
Сите работат заедно
Кога станува збор за домашните работи и грижата за девојките, Миљана и Стефан тоа го прават заедно. Тие не ги делат работните обврски на машки и женски, но секој го прави она што треба да го направи во тој момент. Стефан ги храни, капе и ги заспива девојките. Сепак, нешто му е многу тешко.
- Не ми е проблем да бидам сам со нив, но најголем проблем ми е пресоблекувањето. Не можам да го најдам патот до таму - рекол со насмевка Стефан.
На прашањето дали планираат да имаат уште деца и дали посакуваат син, едногласни се.
- Искрено, не планираме. Никогаш не сум размислувал во таа насока, во смисла да не дај Боже да биде машко. Миљана еднаш ми рече дека треба да бидам среќн што имам четири ќерки бидејќи не сум за машки деца - рече Стефан, а Миљана додаде дека тој е многу приврзан татко и дека девојките го извлекуваат најдоброто од него.
Девојките имаат многу необични имиња
- Стефан беше за името Петра, го виде тоа име на пакетот за брза пошта, го комбинираше со презимето Керкез и одлуката беше донесена. Мелина го доби името откако на Гугл ги впишав „најубавите женски имиња“ и тоа име најмногу се совпаѓаше со нејзиното презиме - вели Миљана.
- Јас сум одговорен за Дарија и Ангелина. Потоа се појави пејачката Ангелина, а ние се одлучивме за името Дарија бидејќи на Петра и Мелина им се допадна песната „Дарија“ од Бајага – изјави Стефан.
Ќе бидат строги со зетовите
Стефан, како и повеќето татковци, веќе малку се плаши од моментот кога ќе пораснат девојчињата и кога момчињата ќе почнат да ја опседнуваат нивната куќа. Дали ќе биде строкон ќерките и идните зетовци?
-Ќе се обидам да имам пријателски однос со нив, но секогаш ќе има доза на строгост, да бидам авторитет. Сигурно нема да бидам од оние кои дозволуваат се – низ смеа изјави Стефан.
Додека девојчињата биле бебиња, нивниот социјален живот најмногу страдал.
- Многу е полесно кога одат во градинка, утрото го користиме за себе или за дружење. Мајка ми е тука да помогне, како и родителите на Стефан. Се трудиме да имаме време за себе, да можеме да пиеме кафе на мир и да се видиме со пријателите.
Миљана и Стефан се прекрасни примери на млади луѓе кои решиле да имаат големо семејство. Во денешно време, кога паровите едвај се одлучуваат да имаат макар и едно дете, нивната приказна е вистинска инспирација за сите.
- Ако сте нашле партнер со кој сакате семејство, не чекајте. Ниту подобра работа, ниту поголем стан, туку веднаш преземете нешто. Да, тешко е и многу одговорно, но нема ништо поубаво кога ќе се вратите дома и ќе ве пречекаат овие прекрасни мали девојчиња кои едвај чекаа да ве видат - вели Стефан.
Дарија работеше напорно
Втората бременост на Миљана беше многу тешка. Дарија и Ангелина се родени неколку недели пред терминот за породување. Дарија тежела само 1.250 g и е родена со модринка глава. За среќа, се помина добро. Меѓутоа, кога малку пораснале, во паркот се случила несреќа.
-Тоа беше најтешкиот период од нашите животи. Дарија падна на глава од тобоганот, животот и беше во опасност повеќе од една недела. Прогнозите беа страшни, ми рекоа дека ќе има последици. Но, не сакав да верувам. Денес, Дарија е здрава и весела девојка. Вистински борец.
Фото: Ало.рс
Извор: Najzena.alo.rs