Актуелно // Insta вести
Најпознатата фитнес инструкторка кај нас со „жешки“ поздрави од Занзибар (ФОТО)
Последните 15 дена од 2022 година, познатата фитнес инструкторка и инфлуенсерка Ана Стојанова, ги поминува на жешка дестинација, од каде деновиве праќа уште пожешки поздрави.
Стојанова максимално реши да ја искористи приликата и да скокне до Занзибар , од каде преку социјалните мрежи гледаме дека знае да ужива во океанските води.
„Џамбо Џамбо...
Втор пат тука, сигурно не и последен. Благодарна за секоја минута од мојот живот. Во време кога се’ е брзо и лесно достапно, тука се потсетувам на вистинските вредности во животот…“ – напиша Ана додека ужива а косата ја препушти во раце на жени од тој крај.
На една фотографија Ана сподели како вежба на плажа а покрај неа се дечиња од домородното население на Зазибар. Стојанова се забавува одлично во нивно друштво.