,

Најслатките рачиња кои ќе ги видите денес: Плус сајз моделот објави фотка на која ги дои близнаците и испрати моќна порака

Доењето не е лесно за многу мајки, особено за оние кои имаат близнаци. Затоа Ешли Греам е нашата хероина денес и инспирација и поддршка за сите мајки!

Во јануари оваа година, Ешли Греам ја сподели среќната вест дека родила близнаци. Таа подоцна ги откри нивните имиња на Инстаграм, велејќи: „Малахија и Роман - моите момчиња се најдобри учители и најголеми потсетници дека можам да правам и тешки работи.“

„Ова не е воопшто лесно, но толку многу вреди. Сè уште не можам да верувам дека имам три деца. Едвај чекам да го споделам моето породилно и постпородилно патување со сите вас наскоро", напиша Ешли.

Верна на својот збор, Ешли Греам споделува со своите следбеници за нејзиниот живот како мајка на три деца, вклучувајќи ги сега и близнаците. Во својата најнова објава на Инстаграм таа сподели фотографија од Малахи и Роман како ги дои во исто време, таа се наведнува над нив додека малите лежат.


Слатките мали рачиња на нејзините близнаци се најслаткото нешто што ќе го видите денес, а судејќи по коментарите под фотографијата, не сме единствените кои мислиме така.

извор:zena.blic

Не ѝ беа важни килограми во бременоста: Се породи една од најубавите манекенки во светот-и доби момчиња

Девојки, не мора да бидете совршени: Плус сајз манекенката сподели фотка и ги покажа стриите