Најубавата честитика ја доби од нив: Сара Мејс денес слави роденден

Добивај вести на Viber

Поп-пејачката и харфистка Сара Мејс има повод за славење, атрактивната дама денес полни 34 години.

Роденденот го прослави со своето семејство, сопругот Димитар и децата Илина и Кирил во познат ресторан за кинеска храна во Скопје. 

Ова им е како традиција на Атанасовски за роденденот на Сара, бидејќи неколку години наназад овој убав ден за пејачаката го прославуваат семејно токму таму.  

Инаку, најубавата честитка пејачката за роденденот ја доби од нејзините деца. Доби цртеж насликан од вредните нивни рачиња, а на цртежот се нацртани нивното семејство.

„Мила мамо. Среќен роденден“, пишува на цртежот.


Фото: Инстаграм