Најубавата турска актерка ужива во Хрватска: Воодушевена од Дубровник (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Мерјем Узерли не крие колку е воодушевена од Дубровник, поради што сподели многу објави на социјалните мрежи

Турската актерка попозната по улогата на Хурем, Мерјем Узерли пристигна во Дубровник, а на својот Инстаграм профил се пофали со луксузот во кој ужива.

Имено, таа отиде таму за да го прослави роденденот на својот драг пријател и бизнисмен Мехмет Корутурк, а на Инстаграм им покажа на своите следбеници како се забавуваат.


Роденденот го прославија во луксузен простор каде ручаа преку ден, а вечерта отидоа во клуб.


Мерием беше свршена со брокерот Кан Атес со кој ја раскина свршувачката затоа што тој ја принудуваше да абортира. Таа денес живее сама со двете ќерки Лара (8) и Лили Кои (2), а често на Инстаграм споделува настани од приватниот живот.

Извор: showbuzz.dnevnik.hr