Наклон до небо: Алексија Путелјас втора година по ред е најдобрата светска фудбалерка

Вчера вечерта Алексија Путелјас втора година по ред беше избрана за најдобра фудбалерка по избор на „Франс Фудбал“.

Таа беше најдобра во претходната сезона, кога ја предводеше Барселона до титулата во Шпанија, додека во финалето на Лигата на шампионите беше поразена од Лион.



Алексија Путелјас е родена во Шпанија на 4-ти февруари 1994-та година. Професионално почна да се занимава со фудбал во 2010-та година кога играше за Еспањол каде остана една сезона. Исто толку време мина во Леванте, а од 2012-та година настапува за Барселона и континуирано ги брани боите на каталонскиот клуб.


Играше и за шпанската репрезентација до 19 години, од 2011-та до 2013-та година, оттогаш е редовна во сениорската репрезентација.

Извор: sportal.blic.rs