Наместо во црното, секогаш гледајте во белото: Љупка Митрова за домашната изолација
Во време на домашна изолација и новите позаострени мерки донесени од надлежните за заштита и намалување на ширењето на коронавирусот, граѓаните се повеќе се поиновативни во домашната забава, во дружење со времето поминато со семејството.
Ова време-невреме за сите е тешко. Психолозите велат дека сега ни е одземена слободата на којашто бевме научени, да правиме што сакаме, да патуваме кај сакаме, да се движиме, да живееме по наше. . .
Тешко е за децата, за родителие, за пензионерите, за актерите, за пејачите, за спортистите, но и за инфлуенсерите.
Токму на тема домашна изолација, што и недостига и како се справува со изолацијата разговаравме со една од најпознатите инфлуенсерки кај нас, Љупка Митрова.
Митрова, за Женски магазин вели дека домот е најтоплото место на целиот свет и кога таа е со нејзините најмили, изолацијата за неа не е воопшто лоша.
Но, како и секој човек така и нејзе и недостигаат некои работи во оваа социјална дистанца. „ Ми пречи што во недела не можам да го гледам зајдисонцето. Ми пречи што има страв меѓу луѓето. Ми сметат празните улици. Ми недостигаат боите околу мене“, вели инфлуенсерката.
Како и во секое семејство, така и кај Љупка е дозволено „нешто“ кое не било дозволено пред оваа домашна изолација, за мир во куќа. „ Девојчињата седат до доцните часови, спијат до доцна, возат ролерки низ стан, ја играт секоја игра што ќе им дојде на ум“, споделува Митрова.
Инфлуенсерката вели дека, најмногу времето сега го поминувала слушајќи музика, вежбала, готвела и секако во дружење и играње на друштвени игри со ќерките, но не застанала и со пазарувањето во маркети и продавници, но овој пат, онлајн.
Митрова ги советува граѓаните да останат позитивни. „Наместо во црното, секогаш да гледајте белото. Без страв, само внимателност. За почеток, Гушнете се самите со себе“, вели Љупка.
Н. Миланова
Утринско кафе со Љупка Митрова: На крајот од денот имам десетминутен молк