Наоми Кембел прв пат со ќерката во јавност: Модно усогласени и неодоливи го разнежнија светот (ФОТО)

Прославената манекенка ја штити својата приватност, па до сега не сме имале можност да ја видиме во лежерна и секојдневна ситуација со нејзината миленичка.

Црната Пантера, како што често ја нарекуваат британската манекенка Наоми Кембел (52), е навикната на вамп изданија и прошетки на модните писти кои ги засенуваат дури и нејзините најпознати колешки.

Меѓутоа, во последно време, кога камерите се исклучени, а таа нема работни обврски, шармантната супермоделка пред се е мајка, која ужива во драгоцените семејни моменти.

Откако во мај 2021 објави дека станала мајка, Наоми Кембел не зборуваше многу за својата ќерка, за која се шпекулира дека се вика Нил, но манекенката никогаш не го потврди тоа. Таа ужива во својата приватност и излезе со своето мало девојче, а британските медиуми вчера првпат успеаја да ги фотографираат. Единствен исклучок досега беше нивниот едиторијал во британското издание на магазинот „Вог“ на почетокот на годината, но сега Наоми првпат ја видовме во секојдневна ситуација со нејзината ќерка.


Манекенката ја однесе својата ќерка во лондонскиот Хајд Парк, каде што уживаа во настанот Зимските чуда, а интересно е што беа модно усогласени!

Додека Наоми носеше виолетово палто, нејзината ќерка изгледаше многу слатко во виолетов комбинезон и бели чизмички. Дополнително, и двете носеа црни зимски капи, а манекенката беше фотографирана како на своето девојче му покажува неколку забавни активности во паркот.

Во една прилика минатата година, кога им се заблагодаруваше на своите фанови за роденденските желби, Наоми истакна дека никогаш не била посреќна од кога станала мајка.

- Никогаш не сум почувствувала толкава љубов, како во последните неколку недели. Многу сум благодарна за љубовта што ѝ ја пренесовте на мојата ќерка. Ви благодариме за вашите топли пораки за поддршка и роденденски желби. И покрај предизвикувачката година што ја имавме сите, имаше толку многу благослови за кои, пред се друго, сум благодарна. Со Божја милост ја гледаме светлината на крајот од тунелот. Со љубов, упорност и сила се може да се издржи – рече таа.


ФОТО: Твитер/Инстаграм Screenshot