Направете лебдечка елка: 4 чекори до најуникатна новогодишна декорација (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Доколку ви здодеаа традиционалните новогодишни елки и барате импресивна идеја која ќе го воодушеви вашето семејство и гостите, погледнете како многу лесно да направите елка што лебди во воздухот.

Потребно:

Подебел картон, димензија по желба

Спреј во боја

Метро

Јаже

Ножици

Зелена леплива лента

Силиконски конец

Силиконски лепак

Метална кука за закачување

Новогодишни украси и светилки

Изработка:

1. Исечете концентрични кругови од картон

Поставете го картонот на рамна површина. Користете игла за да го прицврстите едниот крај од јажето до центарот на картонот. Мерејќи од центарот, направете ознаки со маркер на секои пет сантиметри, а потоа со јаже нацртајте концентрични кругови на означените места. Исечете ги круговите со ножици.

2. Бојадисајте ги круговите

Бојадисајте ја едната страна од дрвото во потемна зелена нијанса. Посипете со светки и оставете да се исуши. Повторете го истото со другата страна на картонските кругови, бојадисувајќи ги со посветла зелена нијанса. Обложете ги рабовите на круговите со зелена лента.

3. Закачете ја елката

Закачете метална кука на таванот или некое друго соодветно место, на кое ќе се закачите елката. Направете по осум дупки на секој круг и протнете силиконски конец низ секоја, распоредувајќи ги круговите на еднакви растојанија од помали до поголеми. Зацврстете ги круговите со силиконски лепак за да не се лизгаат низ конецот.

4. Накитете ја елката

Лампионите можете сами да ги направите како што е прикажано во видео туторијалот или да ги закачите оние кои веќе ги имате. На елката ставете новогодишни светилки, а за уште поголем ефект осветлете ја елката со ламба.

Погледнете детално видео туторијал за изработка на лебдечка елка и новогодишни украси.


Фото и Видео: Youtube