Народни верувања кои носат несреќа: Зошто не треба да ги вкрстиме рацете кога се поздравуваме

Добивај вести на Viber

Нашиот народ верува во многу непишани правила кои ни ги пренеле постарите членови на семејството, а ни самите не знаеме зошто. 

Едно од правилата за кои сигурно сте слушнале е дека никогаш не би требало да ги вкрстиме рацете за време на запознавањето со некого. Ако четворица, додека се поздравуваат по некоја случајност ги вкрстат рацете, се верува дека тоа ќе биде прекин на пријателството или кавга.

Постои и верување кого прво ќе сретнете на улица. Се верува дека децата носат среќа и радост цел ден. Ако видите маж или жена, тоа значи дека денот нема да ви биде најдобар, а ако сретнете постари луѓе тој ден ќе ви биде полн со лутина.

Уште едно од верувањата е дека кога двајца ќе се судрат со главите со намера нешто да кренат од земјата, значи дека ќе се засакаат.

Задолжително запомнете што сте сонувале додека сте спиеле во туѓ кревет, затоа што наводно, тие соништа се остваруваат. 

Ако тргнете на пат а се вратите дома по нешто што сте заборавиле, според старите верувања тоа значи да не очекувате ништо добро од тоа патување. 

Скршеното огледало наводно значи седум години несреќа.