„Нашиот најголем благослов е на пат“: Зои Блаж е бремена
Мејкап артистката Зорица Матијашиќ или попозната како Зои Блаж преку социјалните мрежи објави дека е бремена.
Инаку Зои по свадбата со ракометарот Тадеј Матијашиќ од Словенија, се пресели во Германија. Неколку години живеат заедно со сопругот.
Зои со видео на која е заедно со нејзиниот сопруг и кучето Хеиди, заедно откриваат дека е бремена.
„Нашиот најголем благослов е на пат“, напиша Зои на видеото.
А потоа со нова фотографија им се заблагодари на сите кои и ја честитале приновата која треба да пристигне.
„Хеиди прва знаеше дека сум бремена. Таа ми даде знак. Едвај чекам да ви раскажам сè“, напиша Зои.
Зои е девојка која секогаш внимава на својот изглед и се грижи за својата внатрешна и надворешна убавина. Па и затоа несебично споделува искуство за мода и убавина.
„Шминкањето е нешто што отсекогаш сум го сакала и уживала да го правам, секогаш ги шминкав другарките, роднините и постојано ми велеа зошто не отвориш салон, потајно отсекогаш сум сакала да биде тоа моја професија ама не бев многу сигурна на почетокот. Сега можам да кажам дека шминкањето и таа работа многу ме сменија во животот, среќните насмевки на моите клиенти никогаш нема да ги заборавам. Јас сум човек што ја обожава уметноста, а шминкањето е една од нив и цел живот би го работела“, изјави Зои во интервју за Женски магазин.
Фото: ИнстаграмРЖМ