Наскоро РЕГИОНАЛЕН САЕМ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ -Најголемите компании ги отварат своите врати!
Алкалоид АД, Пивара АД Скопје, Макпетрол АД, Стопанка Банка, НЛБ Банка, ProCredit Банка, Liberty Steel Group, Макстил, KFC Македонија, Fashion Group, Костал, Магна, Лидл, Нептун, Вабтек, Wolt, се само дел од најголемите македонски и странски компании работодавачи кои годинава ќе ги отворат своите врати и ќе се претстават со свој виртуелен штанд на најголемиот Регионален саем за вработување кој ќе се случува од 15 до 22 Октомври 2024.
Оваа онлајн платформа единствена од ваков вид со регионално покривање, во истовреме нуди можност за 24 часовна посета и преглед на слободните работни позиции во 5 земји: Македонија, Хрватска, Босна, Словенија и Србија. И овој пат здружените сили на најголемите портали за вработување на Балканот ќе понудат одлична можност за промоција на компаниите, нивно регионално претставување и најважното - пронаоѓање на кандидати за отворените работни позиции.
- Ова е идеална шанса за компаниите во реално време да поразговараат со кандидатите, да заштедат време или, подобро речено, да не губат време на долги и разни потраги по идеалниот кандидат. Саемот им нуди можност осум дена да прават директни интервјуа, да прават брза селекција, регрутниот процес да го извршат побрзо. Можат да разговараат со било кого на земјинава топка, иселеници подготвени да се вратат во матичната земја, странци подготвени да мигрираат за работа, менаџери подготвени за трансфер, работници спремни за работа во друга земја и слично - велат организаторите Vrabotuvanje.com
Иако виртуелни, штандовите изгледаат навистина реално - со присутни луѓе, опремени со елементи и промотивни материјали, сè со цел саемот да биде едно пријатно виртуелно и колку што е можно по хумано искуство за посетителот, а истовремено и да им заштеди на материјали, време, подготовка и патување на компаниите.
Минатогодишниот саем привлече над 690.900 посети и повеќе од 51.700 апликации. Оваа година очекуваме уште поголеми цифри и и задоволни и работобаратели и работодавачи - потврдуваат од Vrabotuvanje.com
Подетални информации за учество на онлајн Регионалниот саем за вработување можете да најдете на веб - страницата на саемот https://regionalnisajamposlova.com/MK/
Саемот како и секој година го организира водечкиот македонски портал за вработување во Македонија, Vrabotuvanje.com, во соработка со партнеритe од регионот: MojPosao – Хрватска, Poslovi Infostud - Србија, MojPosao.ba - Босна и Херцеговина и Deloglasnik – Словенија сите дел од Alma Career групацијата од Финска.
ПР објава